Орбан: Животот на Трамп е во опасност до неговата победа


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го поддржа поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп по безбедносниот инцидент кој се истражува како можен обид за атентат врз Трамп.

„Јасно е дека животот на претседателот Трамп е во опасност, до неговата победа. Се молиме за вас, господине претседателе!

Орбан го посети Трамп на Флорида двапати оваа година, откако ја поддржа неговата претседателска кандидатура.

16.09.2024 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега