ВМРО: Судиите на ДУИ и СДСМ играат како „змии" кога ќе им засвират Ахмети и Заев
Одбраните судии на СДС и ДУИ играат како „змии“, излегуваат од дупките само кога ќе им засвират Заев, Филипче и Ахмети. Ова денеска преку соопштение за јавноста го велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ви го пренесуваме соопштението во целост:
Стара поговорка вели што ќе посееш, тоа ќе пожнееш. СДС и ДУИ ги посеа Кацарска, Рускоска, Трпков и Коцевски, и никнаа корупцијата и криминалот. Негативни рекорди рушиме секојдневно, буквално судството може да држи лекции за тоа како да си корумпиран, а да не одговараш.
Дека во Македонија владее политичко инструирано судство и обвинителство, можеме да видиме од постапките на Рускоска која преку Кацарска и Трпков, си играше со судбините на луѓето што беа вклучени во случајот за 27 април. За добро завршената работа, Кацарска стана Уставен судија, а Трпков наместо човек од правото, стана човек на политиката.
Тандемот Трпков, Кацарска пресудија над 200 години затвор за 27 април додека државата потопена во криминал од ДУИ и СДС се распаѓаше по сите основи.
Да не се заборави нивната улога на џелати во водењето на судските процеси, игрите со пртиворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и мивното политичко водење на случаите.
Ова не проаѓа без нивниот сиамски близнак, ЈО во заминување Љупчо Коцевски, кој треба да си понесе одговорност затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството и затоа што незаконски поставува и разрешува кадри во судството, онака како што нему му одговара.
Затоа СДС се загрижени и не сакаат промена на обвинителот Коцевски.
Затоа СДС не се откажува од своите политички кадри во судството.
Правдата во Македонија доаѓа и реформите во судството се во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа