Со ин витро во скопска клиника: Соња (57) и Марко (69) конечно ќе добијат дете
По 22-годишна борба за потомство, 57-годишната Соња и 69-годишниот Марко Миротиќ од Грбавац, Подгорица, го очекуваат своето дете во Април. За среќните и позитивни луѓе според кои годините се само број, најголемата желба ќе се оствари годинава.
- По осум спонтани абортуси, многу труд, маки, операции, оплодувања, паузиравме, малку се откажавме од тоа. Случајно, Вања (Милошевиќ, гинеколог) ми е братучетка, неколку пати ја посетив и ме упати кај д-р Ана Јеремиќ, која потоа нè испрати во Скопје, бидејќи таму не постои возрасна граница за донација на јајце-клетки. Така ја продолживме таа борба и ете, се оствари, изјави Соња за порталот Дан.
Велат дека паровите кои имаат ист проблем, треба да веруваат во себе и да се борат.
- Прво, треба да веруваат во себе и во партнерот и да имаат огромна желба за тоа. Можеби ќе им се случи да помислат дека треба да се откажат, тоа е нормално, тоа е психата, но тоа е и удар по нивниот џеб, но само нека бидат упорни и веројатно ќе им се оствари желбата. Оние кои веруваат во чуда создаваат чуда. Нека не се откажуваат. Никогаш нема да го заборавам моментот кога мојот сопруг дојде и ги донесе резултатите. Ги видов бројките и почнав да скокам од среќа, да плачам, да викам, да се смеам. Марко едвај ме смири. Веднаш му се јави на внукот, а потоа му кажа дека неговата стрина е бремена. Тоа беше прекрасен момент, се присети Соња.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа