Левица предлага работниците да добиваат патни трошоци
Пратениците од Левица предлагаат измени на законот за работни односи со кои работниците би добивале патни трошоци, како што тоа го добиваат пратениците.
-Со години гледаме како пратениците во ова Собрание си наплаќаат патни трошоци за фиктивни релации за патарини и амортизации на нивните возила. Додека тие ги полнат џебовите со народни пари, илјадници работници низ државата сами ги покриваат своите трошоци за да стигнат на работа и да обезбедат леб за своите семејства, рече пратеникот Амар Мециновиќ на прес-конференција во Собранието.
Вели, измените кои ги предлага Левица доаѓаат во момент кога минималната синдикална кошница расте, а трошоците за транспорт на едно семејство се движеле мешу 7 и 8%.
-Нудиме измени во членот 113 во Законот за работни односи и велиме: Доколку превоз работниците до и од работните места не е организирано од страна на работодавачот, работникот има право на надомест на трошоци по истата формула која ја понудивме за пратениците, 6,5 литри, реална цена на секои 100 километри изминати. Оваа е мерка за подобрување на животниот стандард на граѓаните во услови кога граѓаните се иззема од трипартитниот дијалог и кога одбива да ги зголеми платите за време на ценовни шокови за нашите граѓани, рече Мециновиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа