Close Menu
Press24
    Најново

    Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум

    15.06.2026 во 21:42

    Фон дер Лајен: ЕУ нема да ги ублажи санкциите против Иран без конкретни промени

    15.06.2026 во 21:28

    Би-би-си идната недела укинува стотици работни места во информативниот сектор

    15.06.2026 во 21:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
    • Фон дер Лајен: ЕУ нема да ги ублажи санкциите против Иран без конкретни промени
    • Би-би-си идната недела укинува стотици работни места во информативниот сектор
    • Потпишана декларација за соработка со Северна Рајна-Вестфалија
    • Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени
    • Мицкоски: Министри Албанци за правда, не сакаа да го решат прашањето со правосудниот испит, се работи на одржливо решение
    • Петрушевски: Новиот Закон за правична застапеност ќе се темели на мерит-систем, а не на партиски вработувања
    • Венс: Договорот за завршување на војната со Иран ќе биде објавен во текот на неделата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Орбан во божиќното интервју: ЕУ се распаѓа – се движи кон војна

    Орбан во божиќното интервју: ЕУ се распаѓа – се движи кон војна

    24.12.2025 во 21:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во божиќното интервју за унгарскиот весник „Маџар Немзет“ истакна дека а не може да се исклучи можноста 2025 година да биде последната година на мир за Европа.

    – Се навикнавме на мир. Последната голема европска војна заврши во 1945 година и оттогаш поминаа 80 година. Во Европа тоа е исклучително ретка состојба, посочи Орбан.

    Тој се осврна и на Самитот на ЕУ во Брисел, посочувајќи оти Европа во моментот се приближува кон војна.

    – Минатата недела во Брисел успеавме само да го забавиме темпото со кое Европа се движи кон војна. Некои сакаа да го забрзаат овој процес до хипербрзина, а ние успеавме да го блокираме тоа. Но, ние не го запревме самиот процес, само го спречивме неговото забрзување, наведе Орбан.

    Според него, Европа е повторно поделена.

    – Во Европа денес повторно има два табора: воениот табор и мировниот табор. Во моментов, преовладуваат силите што се залагаат за војна. Брисел сака војна. Унгарија сака мир, повтори Орбан.

    Според него, не било неизбежно вклучувањето на Европа во војната во Украина.

    – Во февруари 2022 година, Европа можеше да испрати мировна мисија во Москва и Киев, а не да го прогласи овој конфликт за своја војна. Да се случеше тоа, денес немаше да живееме во сенка на војна, посочи унгарскиот премиер.

    Орбан повторно го критикуваше начинот на одлучување во Европската Унија.

    – ЕУ денес е во состојба на распаѓање. Сведоци сме на процес на распаѓање што се одвива паралелно со зајакнувањето на империјалните амбиции на бриселската бирократија, истакна Орбан.

    Тој како пример ја наведе зелената транзиција.

    – Програмата беше објавена против волјата на земјите-членки и сериозно ја оштети европската индустрија, особено хемиската индустрија и производството на автомобили … Кога стана јасно дека тоа е неизведливо, тие се повлекоа“, нагласи тој, додавајќи дека истото се случува и со мигрантската политика.

    Орбан предупреди дека без длабоки промени темелни реформи, ќе следи неповратен процес односно распаѓањето ќе стигне до точка од која нема враќање.

    Тој повтори дека Унгарија е против членството на Украина во ЕУ.

    – Денес се зборува дека воената сила на Украина ја зголемува безбедноста на Европа, но тоа не е вистина. Одржувањето на Украина ги исцрпува енергијата и ресурсите на Европа. Со Украина, ние стануваме послаби секој ден, потенцира Орбан.

    Тој додаде дека страда и унгарската економија поради војната и слабеењето на ЕУ. Според него политиката на санкции на ЕУ ја уби европската индустрија.

    Орбан упати и порака до Унгарците додека западниот свет е во превирање.

    – Сакај го ближниот свој како себеси. Сега се фокусирам на второто – сакај се себеси. Тоа не значи самозадоволство, туку почитување на сопствените достигнувања. Правилната самосвест носи самопочит, а самопочитувањето овозможува препознавање на успехот на другите – тоа е љубовта кон ближниот. Не гледам друг начин што може да ги доведе Унгарците кон мир, истакна Орбан на крајот од интервјуто за „Маџар Немзет“.

    Прочитај повеќе

    Фон дер Лајен: ЕУ нема да ги ублажи санкциите против Иран без конкретни промени

    15.06.2026 во 21:28

    Би-би-си идната недела укинува стотици работни места во информативниот сектор

    15.06.2026 во 21:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.