Општина Радовиш повторно е отворена - еден вработен е заразен, а 10 се во самоизолација

Од денеска вратите на општина Радовиш повторно се отворени, откако во петокот зградата беше затворена заради позитивен тест на Ковид-19 на еден вработен.

-За време на викендот е извршена дезинфекција на сите простории. И утре по завршувањето на работното време повторно ќе се дезинфекцира. Покрај едниот вработен, кој е позитивен на коронавирусот, имаме уште десет вработени во самоизолација. Општината работи нормално и се надевам дека така ќе остане, изјави градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега