Лишен од слобода е скопјанец, кој се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од ЕВР – Аеродром и Драчево при СВР – Скопје на подрачјето на Гази Баба во Скопје го лишија од слобода 32-годишниот Ѓ.П., поради постоење основи на сомнение дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди. Тој се сомничи дека кривичните дела ги сторил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода. Од него биле одземени вкупно 12 велосипеди од различни локации и дел од нив биле вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, ЕВР – Аеродром и Драчево при СВР – Скопје против лицето ќе поднесе соодветна кривична пријава – информираа од МВР. 

Exit mobile version