17-годишна тинејџерка пријавила физичко и психичко малтретирање од страна на нејзиниот невенчан сопруг, неговата мајка и сестра.
-Вчера во Полициското одделение Ростуше, 17-годишна девојка од гостиварско, во присуство на родител, пријави дека во изминатиот период добивала закани и била физички и психички малтретирана од нејзиниот невенчан сопруг И.У.(23), неговата мајка Д.У.(53) и неговата 15-годишна сестра, сите од гостиварско село. Истиот ден, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше ги лишија од слобода И.У., Д.У. и малолетничката и по целосно целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во полицискиот билтен.


