Маж и жена предизвикале пожар во Горно Соње. Правеле ајвар, а пепелот го истуриле во близина на куќата, а во него најверојатно имало жар.
Според информациите на МВР, вчера околу 19:50 часот во полиција е пријавено дека во село Горно Соње, скопско, настанал пожар при што била опожарена викенд куќа и трева.
„Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на местото и извршија разговор со Д.М.(74), сопственик на викенд куќата, кој појаснил дека со сопругата правеле зимница и во близина на куќата го истуриле пепелот од ќумбето, во кое најверојатно имало жар и си заминале, по што настанал пожарот“, велат од МВР.
Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.


