Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
    • Одбрана можна локација за државниот дата-центар
    • Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари
    • Нов удар врз берзите: Цените на нафтата во силен раст, брент се доближи до 109 долари
    • Беким Сејдиу официјално ја повлече кандидатурата за претседател на Косово
    • Италија соопшти: Дронот што беше соборен над Литванија најверојатно дошол од Русија
    • Фон дер Лајен предупредува: Русија продолжува со агресија и провокации кон Европа
    • Шакира го освојува Мадрид: 12 вечери музички спектакл на стадион со 50.000 посетители
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства

    ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства

    15.09.2026 во 19:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пронаоѓањето стотици тела под урнатините на уништените објекти во Газа ги засилува сомнежите дека за време на војната можеби биле извршени воени злосторства – изјави денеска високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк.

    Тој соопшти дека од урнатините на објектите уништени во израелските напади се извлечени посмртните останки на стотици луѓе, при што во многу случаи се чини дека станува збор за цели семејства, а меѓу жртвите има голем број жени и деца. Според него, овие откритија повторно ги отвораат прашањата иницирани во извештајот на ОН од 2024 година за можно прекршување на меѓународното хуманитарно право при нападите врз станбени и цивилни цели.

    – Срцепарателно е што најлошите стравови на блиските на исчезнатите, кои толку долго чекаа, дури сега се потврдуваат – рече Турк изразувајќи стравување дека досега пронајдениите останки се само мал дел од сите што сè уште се наоѓаат под урнатините.

    Палестинската цивилна заштита соопшти дека од ноември 2025 година од урнатите објекти во разни делови на Газа се извлечени повеќе од 630 тела и човечки останки, од кои само овој месец 96 тела (меѓу кои 58 деца и 23 жени) беа пронајдени на една локација во областа Зајтун. Локалните власти проценуваат дека повеќе од 8.000 луѓе сè уште се затрупани.

    Високиот комесар ги повика меѓународните истражни тимови да добијат итен пристап до сите делови на Газа за да помогнат во зачувувањето на доказите за тековните судски постапки. Во тој контекст, Франческа Албанезе, експертка на ОН за палестинските територии, исто така нагласи дека доказите мора да бидат собрани, а човечките останки идентификувани пред да почне целосното расчистување.

    Турк упати и директни обвинувања до Израел дека го блокира влезот на тешката механизација потребна за расчистување, но и дека продолжува целосно да уништува одредени подрачја, каде што се распоредени израелски сили, при што булдожерите ги уриваат објектите „без никаква почит кон мртвите под урнатините“.

    Израел во повеќе наврати ги отфрла обвинувањата дека намерно гаѓа цивили тврдејќи дека дејствувал во согласност со меѓународното право во борбата против Хамас.

    Израелската воена операција, која почна по нападот на Хамас во октомври 2023 година, создаде речиси 61 милион тони отпад и урнатини, чие расчистување, според ОН, би можело да трае седум години. Примирјето постигнато со посредство на САД во октомври 2025 година ги запре целосните борбени дејства, но не успеа целосно да ги прекине редовните напади за чие прекршување двете страни меѓусебно се обвинуваат.

    Прочитај повеќе

    Нов удар врз берзите: Цените на нафтата во силен раст, брент се доближи до 109 долари

    15.09.2026 во 18:52

    Беким Сејдиу официјално ја повлече кандидатурата за претседател на Косово

    15.09.2026 во 18:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.