Омикрон потврден на Балканот

Во Хрватска денеска официјално се потврдени два случаја на инфекција со новиот сој на коронавирусот – Омикрон, лица кои не престојувале во Јужна Африка. Присуството на Омикрон во Хрватска на прес-конференција го потврди директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак.

– Кај двајца апциенти е докажано дека се инфицирани со новиот сој Омикрон, изјави Чапак.

Епидемиологот Горанка Петровиќ од ХИЈЗ изјави дека Омикрон е потврден кај двајца хрватски државјани кои не престојувале во Јужна Африка, а биле на состаноци на кои имало гости од странство. 

06.12.2021 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа