Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Октомври најсмртоносен месец годинава за мигрантите и бегалците во Егејското море

    Октомври најсмртоносен месец годинава за мигрантите и бегалците во Егејското море

    29.10.2025 во 12:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со вкупно 15 загинати во седум одвоени случаи, октомври е најсмртоносниот месец годинава за мигрантите и бегалците, кои по морски пат преку Егејското море се обидуваат да стигнат до Европа, соопштија од УНХЦР, јави дописничката на МИА од Атина.

    Од УНХЦР изразија длабоко жалење за „континуираните загуби на животи во Егејското Море“ и се осврнаа на последниот случај од понеделникот, кога четири лица се удавија, а 31 беа спасени по бродолом кај островот Лезбос.

    – Овој трагичен случај го зголемува бројот на смртни случаи во Егејското Море овој месец на 15, во седум одделни инциденти во близина на островите Лезбос, Самос, Родос, Хиос и Фармакониси. Речиси половина од сите пријавени смртни случаи во Егејското Море досега во 2025 година се случиле само во октомври. Многумина од оние што се обидуваат да ги преминат овие опасни морски премини бегаат од конфликти, прогон и сериозни кршења на човековите права. Досега оваа година, 37 лица го загубија животот, а најмалку девет се водат како исчезнати во 24 одделни инциденти во Егејското Море. Трагични загуби на животи што можеше да се избегнат, соопштија од УНХЦР.

    Додадоа дека иако оваа година пристигнувањата во Европа се намалени во споредба со 2024 година, „бројот на загубени животи во море останува алармантно висок“, посочувајќи дека низ медитеранските и западноафриканските морски рути, „оваа година загинаа или исчезнаа над 1.600 луѓе, наспроти 3.530 лани“. 

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.