Close Menu
Press24
    Најново

    Огромни температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР со лоша временска најава

    23.11.2026 во 08:46

    „Очи в очи за подобро“ – Мицкоски најави директни средби со граѓаните

    23.11.2026 во 08:44

    Мицкоски по протестите против насилството врз жените: „Младите во мене да гледаат сојузник”

    23.11.2026 во 08:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Огромни температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР со лоша временска најава
    • „Очи в очи за подобро“ – Мицкоски најави директни средби со граѓаните
    • Мицкоски по протестите против насилството врз жените: „Младите во мене да гледаат сојузник”
    • СДСМ: Ако сè е во ред со Алта банка, зошто сега треба да се спасува
    • Трагедија: Почина познат македонски бизнисмен
    • Од полноќ нови цени на дизелот и бензинот
    • Каков напредок бележи Македонија во дигитализацијата – Андоновски ќе презентира податоци
    • Собранието отвора дебата за реорганизација на државната управа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Огромни температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР со лоша временска најава

    Огромни температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР со лоша временска најава

    23.11.2026 во 08:462 Mins Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Разликата во утринските температури низ земјава достигна 12 степени. Најтопло утрово е во Демир Капија, каде се измерени 13 степени, додека најстудено е на Попова Шапка со само еден степен Целзиусов, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 8:30 часот.

    Во Маврови Анови и Лазарополе се измерени 5 степени, во Скопје-Петровец, Струмица и Крушево 6, додека во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Гевгелија температурата изнесува 7 степени.

    Во Тетово и Берово се измерени 8 степени, во Охрид, Претор, Прилеп и Велес 9, во Крива Паланка 10, во Битола и Виница 11, а во Штип 12 степени.

    Во изминатите 24 часа, заклучно со 7 часот утрово, најмногу врнежи се регистрирани во Лазарополе, каде наврнале 20 литри дожд на квадратен метар. Во Маврови Анови се измерени 16 литри, на Попова Шапка 8, во Пожаране 7, во Охрид 6, во Скопје-Зајчев Рид и Претор 3, во Тетово 2, а во Крушево и Велес по еден литар на квадратен метар.

    За денеска метеоролозите најавуваат променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во текот на попладневните часови и кон крајот на денот, со продорот на постудена воздушна маса, на повисоките места дождот ќе преминува во снег и дожд, додека на планините се очекуваат снежни врнежи.

    Ќе дува засилен, повремено силен ветер, претпладне од западен, а попладне од северен правец, кој на одделни места ќе надминува 70 километри на час. Максималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени.

    Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    „Очи в очи за подобро“ – Мицкоски најави директни средби со граѓаните

    23.11.2026 во 08:44

    Мицкоски по протестите против насилството врз жените: „Младите во мене да гледаат сојузник”

    23.11.2026 во 08:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.