Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски по протестите против насилството врз жените: „Младите во мене да гледаат сојузник”

    23.11.2026 во 08:41

    СДСМ: Ако сè е во ред со Алта банка, зошто сега треба да се спасува

    23.11.2026 во 08:36

    Трагедија: Почина познат македонски бизнисмен

    23.11.2026 во 08:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски по протестите против насилството врз жените: „Младите во мене да гледаат сојузник”
    • СДСМ: Ако сè е во ред со Алта банка, зошто сега треба да се спасува
    • Трагедија: Почина познат македонски бизнисмен
    • Од полноќ нови цени на дизелот и бензинот
    • Каков напредок бележи Македонија во дигитализацијата – Андоновски ќе презентира податоци
    • Собранието отвора дебата за реорганизација на државната управа
    • Пратениците ќе ги анализираат оценките и препораките на Европската комисија
    • Осум децении грижа за децата без родители – Мицкоски ќе се обрати на свеченоста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски по протестите против насилството врз жените: „Младите во мене да гледаат сојузник”

    Мицкоски по протестите против насилството врз жените: „Младите во мене да гледаат сојузник”

    23.11.2026 во 08:412 Mins Read
    Христијан Мицкоски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера порача дека младите кои протестираат против насилството врз жените во него можат да гледаат соговорник и соработник во борбата против овој општествен проблем.

    Говорејќи на конференцијата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја изрази својата поддршка за кампањата против насилството врз жените, нагласувајќи дека во справувањето со овој проблем не треба да има политички или партиски поделби.

    Тој се осврна на последниот протест на младите пред Владата, посочувајќи дека ги разбира нивните пораки и револтот поради случаите на насилство врз жените. Според него, неопходен е институционален одговор, не само од Министерството за внатрешни работи, туку и од превентивните механизми, обвинителството и судството.

    Мицкоски оцени дека насилството врз жените е долгогодишен општествен проблем, кој, според него, е последица на нарушениот систем на вредности, губењето на моралот и семејните принципи, како и ниското ниво на општествена и политичка култура.

    Тој повика на поширока општествена дебата и ги покани младите да се вклучат во разговорите за предложените законски измени за поефикасна заштита од семејно насилство.

    Во своето обраќање, Мицкоски упати критики и кон опозицијата, обвинувајќи ја за ширење дезинформации и политизација на општествените проблеми.

    Осврнувајќи се на случајот со Алта банка, премиерот изјави дека станува збор за проблем поврзан со случувањата во матичната банка во Србија. Тој најави дека банката ќе биде спасена и увери дека средствата на граѓаните ќе останат достапни.

    Мицкоски се осврна и на економските состојби, наведувајќи дека Македонија, според неговите оценки, бележи добри резултати во економскиот раст и има релативно ниска инфлација во споредба со европските земји.

    Featured Just In Picks Top News Влада Мицкоски
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Ако сè е во ред со Алта банка, зошто сега треба да се спасува

    23.11.2026 во 08:36

    Трагедија: Почина познат македонски бизнисмен

    23.11.2026 во 08:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.