Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одржана петтата седница на Националниот совет за развој, во фокусот стратегијата до 2044 година

    Одржана петтата седница на Националниот совет за развој, во фокусот стратегијата до 2044 година

    19.06.2026 во 12:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во просториите на Владата денеска се одржа петтата седница на Националниот совет за развој, на која главно обраќање имаше премиерот и претседател на ова тело, Христијан Мицкоски.

    Главен акцент на состанокот беше ставен на Националната стратегија за развој 2024–2044, која е дефинирана како долгорочна платформа за визијата и реализацијата на стратешките цели на државата.

    Информацијата за одржувањето на седницата ја соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој потенцираше дека овој документ има обединувачки карактер за повеќе структури во општеството.

    Тоа е документ кој ги обединува институциите, општините, експертската јавност и сите општествени чинители кои сакаат да се вградат во создавањето подобра, посилна и поуспешна иднина за нашата држава.

    Надлежните укажуваат дека преку ваквите стратешки документи и заеднички напори се прави обид да се создаде амбиент во кој младите генерации ќе ја гледаат својата иднина во земјава.

    На крајот се додава дека Македонија располага со соодветно знаење, потенцијал и луѓе кои можат да ја движат напред, со порака дека обврска на институциите е тој потенцијал да го претворат во реални резултати на терен.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.