Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Масовни протести во Франција – Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
    • Сообраќајка во Скопје: 75-годишен велосипедист тешко повреден во судир со мопед
    • 19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
    • Полициска акција низ Скопје: Уапсени седум скопјани и турски државјанин со марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага
    • Македонија на Јуниорскиот Евросонг: Гласајте за Ана Стојаноска
    • Постапка за измами на граѓани со „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации
    • Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан
    • Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одлична вест за младите: Аеродром ги ослободува од комуналии за изградба на прв дом

    Одлична вест за младите: Аеродром ги ослободува од комуналии за изградба на прв дом

    18.11.2025 во 11:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Аеродром соопшти дека воведува мерка за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом.

    Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на Општина Аеродром, како што информираат од општината, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор кон обезбедување сопствен дом.

    Мерката беше донесена на првата седница на Советот на Општина Аеродром, со што јасно се потврдува определбата дека токму младите се основата на развојот на заедницата. 

    Ова право можат да го остварат лицата што исполнуваат следниве услови: лица кои имаат најмногу 35 години на денот на поднесување на барањето; да се жители на Општина Аеродром најмалку (2) години; градат, доградуваат или надградуваат прв дом во нивна сопственост; и објектот се гради исклучиво за лични станбени потреби.

    Заинтересираните треба да поднесат комплетна техничка документација согласно со Законот за градење, како и изјава дека објектот ќе го користат за сопствено домување најмалку десет (10) години.

    Ослободувањето од комуналии се однесува на: изградба на нова индивидуална куќа; доградба на постоен станбен објект за индивидуално домување; или надградба на постоен станбен објект за индивидуално домување со која се создава прв дом, информираат од Општина Аеродром.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.