Од утревечер кино на отворено во Кисела Вода

Кино на отворено“ ќе се одвива овој викенд во општина Кисела Вода. Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во паркот Македонија, пред Домот на Култура „Билјана Беличанец”. Љубителите на филмската уметност овој викенд ќе имаат можност да уживаат со филмовите од македонски автори наградувани на меѓународни реномирани филмски фестивали. Секоја вечер од 21 часот жителите на град Скопје и пошироко ќе имаат можност да уживаат со продукцијата на Македонската современа кинематографија.

Програма за ,,КИНО НА ОТВОРЕНО" пред Дом на култура,, Билјана Беличанец":

Петок (23.08.2024)

21.00 Краткометражни филмови:

,,Пепи и Муто" од Ѓорѓи Унковски

,,Налепница" од Ѓорѓи Унковски

,,Долу од рајот" од Саша Станишиќ

22.00 Долгометражен филм,,Деца на сонцето" од Антонио Митриќески

23.30 Краткометражни

,,48" од Владимир Митревски

,,Сонот за крвта и душата" од Игор Алексов

24.08.2024 (сабота)

Краткометражни филмови

21.00 ,,Кутии" од Ангела Димеска

,, Девојчето со ќибритчињата" од Филип Матевски

,,Кога не нема" од Стефан Палитов"

22.00 Долгометражен филм ,,Дедо и внук" од Илија Пиперковски

Краткометражни филмови

,,Карма" од Владимир Митревски

,,Си беше еднаш еден звук"

25.08.2024 (недела)

21.00 Краткометражни филмови: да

,, Шекспирова 19" од Владимир Митревски

,,Ќе му се јавам на татко ти" од Леон Ристов

,,Брат за еден ден" од Стојан Вуичиќ

22.00 Долгометражен филм

,,Ова не е американски филм" од Сашо Павловски

Краткометражни филмови:

,, Еден" од Вардар Тозија

,,Епизодист" од Игор Александров

22.08.2024 - 22:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега