Ново значително намалување на цените на горивата.
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поевтинување на нафтените деривати во просек за 7,51 проценти во однос на цените утврдени на 2 ноември.
Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, па новата цена на 95-ката изнесува 86 денари, а на 98-ката 88 денари за литар.
Дизелот поевтинува за 5,5 денари и ќе се продава по 94,5 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 6,5 денари, на 103,5 денари за литар. Поевтинува и мазутот, за 6,26 денари по килограм, на 49,31 денар.
Намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот. За бензините акцизата е намалена за два денара, а за дизелот за четири денари по литар.
Дополнително, за дизелот е применета и намалена стапка на ДДВ од 10 проценти.
- Од полноќ едно од поголемите поевтинувања и на бензинот и на дизелот
- ОЈО за Алта Банка: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии
- Петрушевски: Единствените испрани пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка за време на СДСМ
- Мицкоски: Алта Банка ќе биде спасена – најдовме купец
- Доаѓа студот: Уживајте во топлото време додека трае – УХМР ја објави временската за цела недела
- Трагедија во Македонија: Без знаци на живот го донеле во болница
- На 24 години почина фудбалер на Раднички – само еден ден по одиграниот натпревар
- Пронајдено човечко тело во куфер оставен на улица во Атина

