Триесет и седумгодишен жител на Тетово починал, откако бил донесен во Клиничката болница во градот без знаци на живот, јавува 4news.mk.
Случајот бил пријавен во СВР Тетово на 8 ноември, во попладневните часови. Лекарите констатирале смрт, при што на телото не биле забележани видливи повреди или траги на насилство.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

