Од политички настани до арт "терапија"- необично хоби на новинарката на Сител

Секој ден ја гледате како ви ги споделува актуелните информации од политиката од Македонија и регионот, а по работните обврски микрофонот го заменува со алатките за вајање...Новинарката од информативната редакција на Сител Ивана Соколовиќ Најдова е вистински креативец. 

Од полимерна глина изработува различни фигури и ги аплицира на керамички шолји или прибор за јадење. 

Прва љубов и се малите кукли со раскошни "балски" фустанчиња со кои и всушност ја започнала својата креативна приказна.

Имало секакви барања, од цртани ликови, спортисти, омилено хоби, најразлични професии кои во мини форма ги декорирала за клиентите. 

 

Најдолго работела на комјутерски текст, кој бил во 10-тина реда а секоја буква која ја изработила од глина била со холемина од 4 милиметри. 

 

Изработува и портрети според фотографии, кои вели дека и се најголем предизвик.

 

Никогаш не користи цртани шеми пред декорацијата, едноставно се води според моменталната инспирација.

 

Ивана вели дека за да изработи една од декорираните шоји потребни и се два дена во просек, но доколку станува збор за некоја покомплексна креација или повеќе парчиња потребно е повеќе време. Покрај работните и домашните обврски Ивана вели дека изработките од глина и времето кое го користи за декорирање се нејзиниот начин за рекаксација. Благодарение на својот талент таа своето хоби веќе го претворила и во сопствен бизнис.

 

Сепак вели дека рачните изработки во кои  се внесува огромно внимание и љубов не се ценат доволно. 

Ако сакате вашето утро да започне со омиленото кафе или чај во уникатна персонализирана шолја декорирана со фигури од полимерна глина може да ја одберете на овој линк ....

https://www.facebook.com/anisclaygifts

02.11.2022 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа