Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од почетокот на годинава дизелот поскапел за 30 денари по литар – бензинот за 24

    Од почетокот на годинава дизелот поскапел за 30 денари по литар – бензинот за 24

    31.08.2026 во 14:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на горивата во Македонија годинава бележат силен раст, а најизразено е поскапувањето кај дизелот, кој за осум месеци е поскап за 30 денари за литар.

    На почетокот на 2026 година максималната малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесуваше 65 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-95 се продаваше по најмногу 70,50 денари. Од 1 септември дизелот ќе чини 95, а бензинот БС-95 – 94 денари за литар.

    Тоа значи дека во однос на почетокот на годината дизелот поскапел за 30 денари или за околу 46 проценти, додека цената на БС-95 е зголемена за 23,50 денари, односно за една третина.

    Особено големи осцилации годинава има кај дизелот. Во првата недела од јануари неговата цена се спушти и до 64,50 денари за литар, додека минатата недела достигна 101,50 денари. Тоа е разлика од дури 37 денари меѓу најниската и највисоката цена во текот на годината.

    Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од 1 септември дизелот поевтинува за 6,50 денари, од 101,50 на 95 денари за литар. Во исто време БС-95 поскапува за еден денар и ќе чини 94 денари.

    Движењето на цените покажува и промена во односот меѓу бензинот и дизелот. На почетокот на годината дизелот беше 5,50 денари поевтин од БС-95, а од 1 септември ќе биде за еден денар поскап.

    Најголемиот ценовен удар кај дизелот беше во текот на пролетта, а по периодот на намалување следуваше нов силен раст во јули и август. На крајот на август дизелот ја достигна највисоката цена годинава од 101,50 денари за литар, пред најновото намалување од 6,50 денари.

    И покрај ова поевтинување, споредено со почетокот на 2026 година, возачите за резервоар од 50 литри дизел сега плаќаат околу 1.500 денари повеќе, а за исто количество БС-95 околу 1.175 денари повеќе.

    Цена во сила одБС-95 ден/лДизел ден/л
    1 јануари70,5065,00
    6 јануари70,0064,50
    13 јануари70,5064,50
    21 јануари72,0066,50
    27 јануари72,0067,50
    3 февруари72,0068,00
    10 февруари72,0068,00
    17 февруари73,0068,00
    24 февруари73,5069,00
    28 февруари73,5071,00
    3 март74,5071,00
    10 март79,5085,50
    17 март86,5092,00
    24 март86,5095,50
    31 март84,0095,50
    7 април83,5098,00
    15 април82,0095,50
    21 април80,5094,00
    28 април82,5091,50
    5 мај85,0093,50
    12 мај85,0089,50
    19 мај87,0092,00
    27 мај87,5092,00
    2 јуни88,0085,50
    9 јуни86,0087,00
    16 јуни87,5087,50
    23 јуни84,0080,50
    30 јуни84,5080,00
    7 јули85,5082,50
    14 јули87,0088,00
    21 јули90,0094,00
    28 јули93,0098,50
    5 август91,0099,50
    11 август87,0091,50
    18 август91,5098,00
    25 август93,00101,50
    1 септември94,0095,00

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.