Од Ковид-19 почина медицинска сестра од битолската болница

Медицинска сестра на 55-годишна возраст од хируршкото одделение на Клиничката болница во Битола починала од компликации предизвикани од Ковид-19, објави „Независен весник“. Таа е прва жртва на вирусот меѓу здравствените работници од Битола. 

„Пациентката била хоспитализирана во многу тешка здравствена состојба. Подолг период била на боледување и не се заразила на работното место“, велат од Министерството за здравство. 

Во последното деноноќие на Инфективното одделениe во Битола починаа тројца пациенти на возраст од 55, 60 и 81 година, сите од Битола.

Бројката на хоспитализирани во регионалниот Ковид центар во Битола денес е 81 пациент. Од вчера болните се сместуваат и во вториот Ковид центар на одделот за Физикална терапија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2020 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа