Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од денеска поскап бензин и дизел

    Од денеска поскап бензин и дизел

    18.08.2026 во 08:19Updated:18.08.2026 во 08:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нафтените деривати од полноќ се продаваат по значително повисоки цени, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми малопродажните цени во просек за 4,85 проценти.

    Согласно новата одлука, најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 6,50 денари, па литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) чини 98,00 денари.

    Цените на бензините се бележат раст од 4,50 денари по литар, со што ЕУРОСУПЕР БС – 95 се продава за 91,50 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 93,50 денари/литар.

    За 6,00 денари по литар поскапува Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) и неговата нова цена изнесува 98,50 денари, додека новата цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,726 денари/килограм.

    Клучните фактори за корекцијата се зголемените референтни цени на нафтените деривати на берзите (бензини +8,983%, дизел +10,979%, екстра лесно +9,801%, мазут +0,871%), како и промената на курсот на денарот во однос на доларот (-0,2247%).

    И во оваа одлука РКЕ ја продолжи мерката за намален износ на акцизата (2,00 ден/лит за бензините и 4,00 ден/лит за дизелот).

    Од регулаторот потсетуваат дека ова се максималните дозволени цени, но трговците имаат можност да ги продаваат горивата и по пониски цени од утврдените.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.