Од 1 јануари 2026 година граѓаните ги чека вистински ценовен шок во здравствените установи. Иако од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) зголемувањето го оценија како „симболично“, новите цени на партиципацијата покажуваат драстичен скок, особено за итните случаи и специјалистичките прегледи.

Најголемиот удар е кај општиот пакет за итни случаи, кој од досегашните 780 денари, вртоглаво расте на 2.450 денари.

Значително поскапува и одењето на специјалист. Ако досега партиципацијата изнесуваше 380 денари, од Нова година граѓаните ќе мора да издвојат 720 денари за истата услуга.

Основните услуги за кои се плаќаше 40 денари, сега ќе чинат 60 денари. Од ФЗО се правдаат дека станува збор за усогласување на цените кои со години не биле коригирани и дека ова ќе го подобри финансирањето на здравствениот систем.

Exit mobile version