Очекувајте промена - метеоролозите соопштија какво ќе биде времето за Божиќ

Претпладне ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во попладневните и вечерните часови постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде претежно облачно со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Од утре следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури значително ќе опаднат, информираат од УХМР.

06.01.2022 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега