Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинителството бара притвор за 76-годишникот oд Косово кој ја предизвика страотната сообраќајка

    Обвинителството бара притвор за 76-годишникот oд Косово кој ја предизвика страотната сообраќајка

    22.05.2026 во 21:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток.

    Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол во близина на клучката Мирковци брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадени услови можел да ја предвиди.

    Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел во лево, па удрил и ја пробил металната одбојна ограда и продолжил со движење, преминувајќи на коловозот од автопатот наменет за движење на возилата од спротивната насока, каде во него со предната страна удрил автомобил „БМВ“ кој се движел во насока од исток кон запад.

    По ударот автомобилот и камионот се запалиле. Во несреќата на лице место починале четворицата патници во патничкиот автомобил.

    Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир

    31.10.2026 во 14:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.