Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Сите факти се правилно оценети

 

 

Обвинителката Тања Трајчевска не сакаше да ја коментира пресудата за убиството на Денис Тот, донесена од судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ. Сепак, смета дека изречената казна е во рамки на законот, наспроти адвокатите кои посочија дека е драконска.

„Казната е во рамки на законски предвидената казна. Така што тоа е одлука на судот. Сите факти се правилно оценети“, рече Трајчевска.

Сите обвинети, добија вкупно 52 години затвор. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата обвинети за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор.

Сите адвокати на обвинетите и првостепено осудени за убиството на Денис Тот, најавија жалби на пресудата. Незадоволни се од висината на казната, но и од основот поради кои се осудени а тоа е кривичното дело убиство.

30.11.2022 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега