Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинетата Мери Пешевска доби условна казна за скандалот “Онкологија”

    Обвинетата Мери Пешевска доби условна казна за скандалот “Онкологија”

    22.09.2025 во 12:321 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обвинетата докторка Мери Пешевска доби условна казна за скандалот “Онкологија”, доколку во наредните пет години не го повтори делото.

    Таа призна вина на судското рочиште кое се одржа на почетокот на септември. Со тоа прстот го впери кон поранешниот директор Нино Васев.

    Пешевска тогаш истакна дека е виновна и се извини на оштетените пациенти,  со тоа што посочи дека Васев бил нивни ординирачки доктор, а најзинипт факсимил бил ставен на шалтер и го користеле сите.

    Докторката се товари дека соработувала со поранешниот директор  и небрежно постапувајќи дозволила финализирање на терапија кај седум пациенти.

    Пешевска уште додаде дека нејзиниот печат го користеле специјализанти, но сепак повторно истакна дека тој факсимил е нејзин и поради тоа признава вина што токму тоа го дозволила.

    Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.