Обожавателка на Елтон Џон продава цвеќе, кое музичарот ѝ го подарил пред 50 години

 

 

16-годишната Дебора Вилијамс отишла да го види својот идол како настапува во 1976 година кога тој фрлил црвени каранфили во публиката. Кога толпата ѝ ги грабнала цвеќињата од рака, се сеќава Дебора, Елтон Џон излегол од сцената и ѝ подарил нови цвеќиња.

Сега 64-годишната г-ѓа Вилијамс подготвува внимателно сочувани цвеќиња и други скапоцени предмети за аукцијата на 14 јуни.

Концертот пред 50 години се одржал во Wolverhampton Civic Halls, а билетите чинеле само 2,50 фунти, се сеќава Дебора.

„Оттогаш ги чував заедно со сите други сувенири на Елтон што ги поседувам. Ги исушив цвеќињата и ги чував во книга со стиховите на неговите песни“, вели таа. „Многу ми се драгоцени и затоа ги продавам сега. Немам деца и ако нешто ми се случи, се плашам дека ќе завршат во ѓубре“, додава таа.

Богатството со сувенири на г-ѓа Вилијамс вклучува маици на Елтон Џон, летоци, програми, билети за концерт, фотографии, значки и постери, вклучително и постер на Елтон Џон и Реј Купер од 1977 година.

 
14.06.2023 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега