Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?
    • Деца по полноќ си седеле во кафуле: Полицајците ги собраа и им ги предадоа на родителите
    • Илон Маск нe штеди: Секое дете во Америка ќе добие акција од SpaceX
    • Пукотници во Сарај
    • Ја силувал сопругата, па ја претапал и ќерка му: 37-годишник заврши зад решетки
    • Градежна офанзива во Илинден – жителите ќе возат по нови асфалтирани улици
    • МНР повика претставник од бугарската амбасада: Изјавите на бугарскиот амбасадор и министер се оценуваат како мешање во внатрешните работи
    • (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обезбедени учебници за сите ученици – стартува новата учебна година

    Обезбедени учебници за сите ученици – стартува новата учебна година

    31.08.2026 во 12:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Над 238 илјади ученици утре се враќаат во училишните клупи. Новата учебна 2026/2027 година ќе ја започнат околу 174 илјади основци и 64 илјади средношколци, а за првпат на училиште ќе тргнат 14.952 првачиња.

    Од Министерството за образование уверуваат дека учебниците се обезбедени навреме за сите ученици. Годинава се набавени 622 илјади учебници, а целосно нови изданија ќе добијат учениците од прво, второ, трето и осмо одделение, како и учениците од втора година во гимназиите, каде што почнуваат да се применуваат нови наставни програми.

    Едносменска настава ќе има во 620 од вкупно 1.023 училишни објекти. Паралелно се прошируваат 14 училишта, а во следните месеци треба да почнат уште 15 вакви проекти.

    Новата учебна година, сепак, почнува и со помалку ученици и паралелки. Поради недоволен број деца, привремено ќе бидат затворени 26 подрачни училишта, додека вкупно 148 училишни објекти, главно во руралните средини, остануваат празни. Со оптимизацијата бројот на паралелки се намалува за 433 – 222 во основните и 211 во средните училишта. Од МОН велат дека поради овие промени нема отпуштени редовно вработени наставници.

    Наставата за најголемиот дел од учениците ќе трае до 10 јуни, а за матурантите до 17 мај. Во септември, со владина одлука, училишниот прибор треба да се продава по најмалку 15 проценти пониски цени.

    Прочитај повеќе

    Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?

    19.10.2026 во 14:40

    Деца по полноќ си седеле во кафуле: Полицајците ги собраа и им ги предадоа на родителите

    19.10.2026 во 14:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.