Close Menu
Press24
    Најново

    Орце го светна Камени Мост

    28.09.2026 во 09:24

    Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“

    29.09.2026 во 10:44

    ФОТО+ВИДЕО: Сузбиена терористичка група во Скопје – запленети автоматски пушки, снајпер, амблеми на ИСИС и приведени пет лица

    29.09.2026 во 14:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Новоизбраниот член на МАНУ Тодоровски ќе ги претстави очекуваните предизвици за електроенергетските системи
    • Денеска сите заедно за почисто Скопје: „Да ги засукаме ракавите за парковите во кои ни растат децата и маалата кои се наш дом”
    • Груби пред судот за „Државна лотарија“ – Продолжува изведувањето докази
    • Нови услови за студентите: Мицкоски го пушта во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“
    • Ќе нема струја до 14 часот – Исклучување во три скопски населби
    • Се празнуваат светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија – Празник со важни обичаи и посебна порака
    • УХМР најавува: Какво време нè очекува денеска?
    • Швеѓаните сè помалку пушат цигари: Што стои зад промената на културата на пушење?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Новоизбраниот член на МАНУ Тодоровски ќе ги претстави очекуваните предизвици за електроенергетските системи

    Новоизбраниот член на МАНУ Тодоровски ќе ги претстави очекуваните предизвици за електроенергетските системи

    30.09.2026 во 08:182 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, проф. д-р Мирко Тодоровски, ќе одржи пристапно предавање на тема „Електроенергетски системи во ера на енергетска транзиција – очекувани предизвици“.

    Тодоровски беше избран за дописен член на МАНУ на Изборното собрание одржано на 7 ноември 2025 година.

    Неговата професионална кариера во изминатите 20 години е поврзана со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

    Тој има значајни научни и стручни достигнувања во областа на електроенергетските мрежи, со особен фокус на нивното моделирање и развојот на методи за решавање на различни режими на работа на мрежите.

    Научната и стручната работа на Тодоровски е потврдена со публикации во реномирани меѓународни научни списанија, соработка со електроенергетски компании и институции, како и учество и раководење со бројни истражувачки и апликативни проекти.

    Има објавено 31 научен труд во реномирани списанија од областа на електроенергетиката со висок фактор на влијание, од кои 16 се објавени во списанија на IEEE. За својата научна продукција ја добил наградата за најдобар научник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

    Тодоровски раководел или учествувал во 15 научноистражувачки проекти финансирани од странски фондови, како и во 13 студии чии резултати имаат директна примена во електроенергетскиот сектор.

    Неговата работа, како што е наведено во биографијата, придонесува и за зајакнување на соработката меѓу научната заедница и индустријата. Тројца негови докторанди веќе се афирмирани истражувачи и професори на домашни универзитети.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Денеска сите заедно за почисто Скопје: „Да ги засукаме ракавите за парковите во кои ни растат децата и маалата кои се наш дом”

    30.09.2026 во 08:16

    Груби пред судот за „Државна лотарија“ – Продолжува изведувањето докази

    30.09.2026 во 08:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.