Ново предупредување на УХМР: Во четврток промена на времето

Утре наутро ќе биде студено, на повеќе места со негативни температури и со услови за слаба утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје, наутро студено со услови за слаба утринска магла. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Според УХМР и во среда ќе се задржи претежно ведро со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата.

Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.

25.10.2021 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега