Измамена продавачка: Си влегол си пазарувал и си излегол со купеното без да плати


Вчера во 14.40 часот во СВР Тетово, 29 – годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице.

Според пријавеното, лицето влегло во продажниот објект каде што работела и одбрал производи за кои требал да плати 3050 денари. Како што е пријавено, со изговор дека има само девизи и дека треба да ги размени за да плати, лицето излегло со производите и не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

04.10.2024 - 16:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега