Перински: Состојбата во јавниот превоз пред сè е крах, а не криза

 

Актуелната состојба во јавниот превоз пред сè е крах, а не криза, нотира министерот за локална самоуправа Перински.

„Јавниот превоз е актуелна тема не само деновиве, туку во изминативе неколку години. Градоначалничката и раководството треба да се освестат час поскоро. Проблемите само се надополнуваат, не се решаваат. Нам ни треба системско решение. И проблемот не е само ЈСП. Не е проблемот на една основа, тој е на сите основи. Влегуваме во зимските месеци, знаме дека ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег кој допрва доаѓа. Скопје во моментов се бори за живот, очајно му треба инфузија, а потоа терапија. Треба јасна визија, долгорочен план за раст и развој на градот. Владината интервентна мерка за јавниот превоз е мерка за крахиран систем. Тоа е само залекување на рани. Немаме функционален систем, на Скопје му е потребна долгорочна стратегија за раст и развој“, изјави вечерва Перински за Алсат.

27.11.2024 - 21:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега