Исповед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе голем бран
Мухамед Беговиќ од Јабланица го загуби синот во поплавите што рано утринава го зафатија овој град.
Тој за порталот „Аваз“ изјави дека се се случило во рок од 15 минути.
Во куќата беа син, невеста, сопруга, внук и внука. Почнавме да излегуваме од дома. Синот одеше зад мене, малку се сврте и дојде голем бран. Веројатно беше три метри, синот само исчезна. Каде да одам сега? Освен синот, останатите успеале да преживеат. Ни помогнаа социјалните работници, сите сме згрижени, имаме каде да спиеме“, рече Беговиќ.
04.10.2024 - 20:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа