Водата во Гостивар повторно не е безбедна за пиење

 

Од ЈП „Комуналец“, претпријатието кое раководи со водоснабдувањето во Општина Гостивар, поплaднево преку известување соопштија дека водата не е безбедна за пиење.

Во последниве десетина дена ова е втора препорака да не се користи водата од системот за водоснабдување.

Според првичните информации, до загадување на водата дошло од последните врнежи.

– Поради контаминација предизвикана од обилните врнежи, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. До натамошно известување, избегнувајте нејзино консумирање, стои во известувањето од ЈП „Комуналец”.

Од претпријатието наведуваат дека се работи на решавање на проблемот и до подобрувањето на состојбата ќе има соопштение штом водата биде безбедна за потрошувачка.

Минатиот четврток беше објавено дека во водата од градскиот водовод биле откриени колоформни бактерии и ешерихија коли, а според в.д. градоначалникот, тие резултати биле од анализи направени неколку пред воведувањето на забраната. По неколку дена, состојбата се стабилизира.

04.10.2024 - 17:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега