Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
    • Загина пензионер – паднал од мопед
    • СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери
    • Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Новиот кинески Закон за инфлуенсери стапува на сила

    Новиот кинески Закон за инфлуенсери стапува на сила

    31.08.2026 во 12:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кина од 1 септември воведува нови правила за индустријата на инфлуенсери, со кои ќе се забрануваат лажни лајкови и следбеници, поттикнување омраза, експлоатација на малолетници и други злоупотреби на социјалните мрежи.

    Иако регулативата често се нарекува „закон за инфлуенсери“, таа првенствено се однесува на таканаречените MCN агенции – компании кои управуваат со инфлуенсери и ја дистрибуираат нивната содржина на платформи како Douyin, Xiaohongshu и Bilibili.

    Наместо надлежните да ги санкционираат само поединечните креатори, одговорност ќе имаат и агенциите што стојат зад нив. Сите нерегистрирани агенции ќе мора да се регистрираат кај кинеската Администрација за сајбер простор, а веќе регистрираните ќе имаат рок од 30 дена да ги усогласат своите активности со новите правила.

    Забрането ќе биде поттикнување омраза и регионална дискриминација, величење криминал и катастрофи, организирање или поттикнување онлајн насилство меѓу врсници, како и користење малолетници и лица со попреченост за профит.

    Регулативата директно се насочува и кон манипулациите со популарноста на интернет – лажирање прегледи, лајкови, следбеници и оценки.

    Агенциите ќе мора да имаат одговорно лице и тим за надзор на содржините, а во договорите со инфлуенсерите јасно да биде утврдена одговорноста за објавените информации. Ако некој креатор ги прекрши законите или правилата на платформата, агенцијата ќе мора веднаш да ја суспендира или прекине соработката со него и да ја извести платформата.

    Посебни правила се предвидени за малолетниците, вклучително проверка на возраста и согласност од родител или старател. Построг надзор ќе има и врз продажбата преку преноси во живо, каде агенциите ќе мора претходно да ги проверуваат производите и содржината што се промовира.

    Прописот беше усвоен на 29 мај годинава од пет кинески државни институции предводени од Администрацијата за сајбер простор, а од утре почнува неговата примена.

    Прочитај повеќе

    „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност

    19.09.2026 во 11:24

    ВИ-бумот под притисок: Повиците за забавување ги урнаа технолошките акции

    14.09.2026 во 12:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.