Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови можности за инвестиции во енергетиката – Божиновска на форум во Истанбул

    Нови можности за инвестиции во енергетиката – Божиновска на форум во Истанбул

    12.06.2026 во 10:041 Min Read
    IDEA LAB
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Истанбул учествува на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, посветен на продлабочување на економската соработка и привлекување инвестиции.

    Како што соопштуваат од Министерството за енергетика, на форумот присуствува владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се министри од економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот сектор. Домаќин на настанот од турска страна е министерот за трговија Омер Болат, а организатори се турското Министерство за трговија и Советот за надворешни економски односи (DEİK).

    Форумот ги обединува претставниците на институциите и бизнис-заедниците од двете земји со цел зголемување на трговската размена и поттикнување нови инвестициски иницијативи.

    Во рамки на форумот, министерката Божиновска ќе учествува на панел-дискусијата „Билатерална соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување“, каде ќе ги претстави можностите што ги нуди Северна Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални суровини, како и реформските процеси насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима.

    Предвидено е Божиновска да оствари и билатерална средба со турскиот министер за трговија Омер Болат, на која ќе се разговара за унапредување на економската соработка, зголемување на турските инвестиции и можностите за партнерства во енергетиката и стратешките индустрии.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.