Нови мерки: Пари за сите кои ќе примат трета доза вакцина против Ковид-19

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио објави дека жителите кои ќе ја примат третата доза вакцина против коронавирусот до крајот на годината ќе добијат 100 долари од градската управа.

– Ова ќе биде најголемата програма за стимулирње во САД, и сакам да видам како ќе реагираат њујорчани… Помогнете да го направиме целиот град побезбеден, истакна рече Де Блазио.

Тој на брифинг предупреди њујорчаните дека се очекува сегашниот бран на ковид-19 да доведе до многу нови инфекции и дека ќе трае најмалку неколку недели. Променливиот неделен просек на случаи во градот е зголемен за речиси 123 отсто во споредба со просекот за претходните четири недели, покажуваат вчерашните податоци. Пораст од 12 проценти е забележан и кај хоспитализираните лица.

22.12.2021 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега