Жичарницата на Водно од вторник со ново работно време
Ве информираме дека за време на трите дена од продолжениот викенд (29.03.2025 година – 31.03.2025 година) , поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Работно време на билетарници и центри за персонализација
Во сабота (29.03.2025 година) ќе работат со вообичаеното работно време.
Во недела (30.03.2025 година) дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар;
– Зелен пазар
Во понеделник (31.03.2025 година) дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар;
– Зелен пазар
– Автокоманда (Дирекција на ЈСП Скопје)
-Ѓорче Петров
Работно време на Жичница
Жичницата на 29.03.2025 год. (сабота) и 30.03.2025 год. (недела) ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 31.03.2025 год. (понеделник) Рамазан Бајрам, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Жичницата од вторник (01.04.2025 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.
Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа