Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови измени во царинската тарифа: Поддршка од странските инвеститори

    Нови измени во царинската тарифа: Поддршка од странските инвеститори

    02.07.2026 во 11:011 Min Read
    Стопанска комора на Северна Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советот на странски инвеститори го поздрави усвојувањето на измените на Законот за царинска тарифа, со кои се предвидува намалување на царинските стапки за 70 видови стоки што се користат како суровини, репроматеријали и компоненти во преработувачката индустрија.

    Со измените се врши дополнително усогласување на царинските стапки со оние што важат во Европската Унија, што, според Советот, претставува важен чекор кон поедноставување на трговијата и подобрување на деловната клима.

    Од Советот посочуваат дека во изминатиот период укажувале на потребата од намалување и усогласување на тарифите за клучните суровини и репроматеријали, како и од проширување на листата на тарифни ознаки согласно европските стандарди.

    Според нив, ваквите измени ќе придонесат за зголемување на конкурентноста на домашните и странските компании, како и за унапредување на извозниот потенцијал на земјата.

    Измените претставуваат продолжение на претходните законски решенија, кога од 1 јули 2025 година беше извршено намалување на царинските стапки до 50 отсто од нивото на стапките во Европската Унија.

    Советот на странски инвеститори ја поздравува и понатамошната насока на Владата за усогласување на царинската политика и поттикнува продолжување на процесот преку дополнителни трговски договори со други земји.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.