Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње
    • Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места

    Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места

    18.08.2026 во 10:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со нови проекти, нови производствени капацитети и нови работни места продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува активно да работи на создавање услови за инвестиции кои носат производство, современи технологии, извоз и долгорочен економски раст, се наведува во партиското соопштение.

    -Во ТИРЗ Тетово следува реализацијата на инвестицијата на „Џаво Отомотив“, мултинационална компанија со повеќе од 40 години искуство во автомобилската индустрија. Компанијата планира вложување од околу 21 милион евра во периодот до 2030 година, со потенцијал за отворање од 400 до 500 нови работни места и годишен извоз од околу 45 милиони евра. Во ТИРЗ Скопје 1 веќе започна изградбата на фабриката на „Чагатај Кабло“, која е инвестиција вредна околу 6 милиони евра и производствениот капацитет од 10.000 квадратни метри треба да овозможи до 200 нови вработувања, велат тие.

    Додаваат дека Кичево, исто така, станува центар за нови и технолошки напредни инвестиции, така што тука започна изградбата на фабриката на белгиската „Avesta Battery and Energy Engineering“, наменета за производство на електронски батерии за автомобили.

    -Инвестицискиот интерес се проширува и во други високотехнолошки сектори, така што во земјава се реализираат и проекти на „Епсотех“ за развојно-истражувачки центар и на американскиот „Вебтек“ за производство на сопирачки за шински возила. Особено важно е што интересот за инвестирање веќе не е ограничен само на автомобилската индустрија. Турска и германска компанија од секторот на високите технологии потврдија инвестиции од вкупно околу 80 милиони евра, со потенцијал за околу 1.000 нови работни места и заеднички извоз од над 200 милиони евра. Дополнително, завршени се преговорите со три странски компании кои планираат да отворат фабрики во Македонија во автомобилската, високотехнолошката и фармацевтската индустрија, а паралелно разговара и со уште околу десет компании од различни сектори, велат од владејачката партија.

    Додаваат дека нов инвестициски импулс се очекува и во телекомуникациите. „4iG“, која ја доби дозволата за трет мобилен оператор планира да вложи повеќе од 100 милиони евра во развојот на новиот оператор, со што ќе се зголеми конкуренцијата, и за граѓаните ќе се овозможат нови услуги и повеќе можности.

    -Сите овие проекти се потврда дека Македонија станува сè поатрактивна за инвеститорите и дека економијата се движи кон поголема диверзификација, современо производство и сектори со висока додадена вредност. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи со домашните и странските компании и да создава услови Македонија да биде конкурентна и посакувана дестинација за нови инвестиции, стои во партиското соопштение.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид

    06.10.2026 во 17:27

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.