Градежниот вештак Горан Марковски денеска повторно сведочеше на судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, изнесувајќи детали за правниот и техничкиот статус на објектот.

Пред судскиот совет беше посочено дека објектот според градежната документација бил регистриран за деловна намена во рамките на лесната индустрија. Според Марковски, тој бил пренаменет и функционално користен како дискотека без да се обезбеди соодветна проектна документација и без дозвола за пренамена од Општина Кочани.

Тој објасни дека градежната инспекција имала јасна обврска при увид да констатира доколку објектот се користи за намена различна од одобрената и да побара негово враќање во првобитната законска рамка.

Во своето сведочење Марковски подвлече дека функционирањето на дискотеката без исполнување на техничките и безбедносните стандарди го зголемило ризикот за посетителите. Инспекторот, според него, требало да преземе мерки за затворање на просторот до комплетно отстранување на неправилностите.

Ова сведочење ја продолжува анализата на тимот вештаци кои претходно дадоа оценки за безбедноста, изведените градежни зафати и материјалите во објектот.

Трагедијата во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на настап на ДНК, кога во пожарот загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа povredeni. По завршувањето на доказната постапка на обвинителството, своите докази пред судот треба да ги изнесе одбраната.

Exit mobile version