Нови 11.101 попишани за еден ден- „Нè има насекаде и тоа треба да го покажеме“

 

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171 620 државјани на РСМ кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес,  на 1 март, до денес, велат преку соопштение од Дрзажниот завод за статистика.

Од таму наведуваат дека само во последното деноноќие се попишани 11 101 лице, а интересни се и бројките по земји:

„Дали сте знаеле дека во Џибути има 3 македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу 4, во Свалбард и Јан Мајен 4, во Северни Маријански Острови 11 итн. Навистина нè има насекаде и тоа треба да го покажеме!“ стои во соопштението на ДЗС.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2021 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега