Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, Д.Е.(50) од с,Довезенце, кумановско, пријавила дека една од нејзините сестри на 31.12.2025 околу 22:00 часот ја известила дека починал нивниот брат М.П.(60) во домот во село Довезенце, во кој живеел со неговиот татко и партнерката А.Р од с.Младо Нагоричане, општина Старо нагоричане.
После тоа, тие со уште една нивна сестра и зет отишле во домот во селото и го затекнале починат на кревет нивниот брат.
Според пријавеното, на 31.12.2025 околу 20:30 часот од телефонот на брат ѝ била повикана Итна медицинска помош која констатирала смрт, а во болница ја однеле А.Р. затоа што ѝ се слошило.
Како што е пријавено, од Итна медицинска помош во СВР Куманово не било пријавено починато лице, а потврда за смрт не им била издадена на 31.12.2025 кога е констатирана смртта, туку наредниот ден 01.01.2026 на нејзино инсистирање.
Исто така, Д.Е. пријавила дека се сомнева дека нејзиниот брат не починал од природна смрт, туку дека бил отруен. Се работи на расчистување на случајот.
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

