Нова Ковид варијанта - кои се четирите најчести симптоми
Новата варијанта наречена XEC, беше идентификувана во Германија во јуни, а оттогаш се појави во Велика Британија, САД, Данска и уште неколку земји, пишува BBC.
Беше откриено дека XEC има некои нови мутации кои би можеле да помогнат сојот да се шири оваа есен, иако експертите веруваат дека вакцината сепак треба да помогне да се спречат потешки случаи.
Професорот Франсоа Балу, директор на Институтот за генетика на Универзитетскиот колеџ во Лондон, рече дека XEC може да стане доминантна подваријанта во текот на зимата.
Симптомите што ги доживуваат пациентите со варијантата XEC се слични на оние на настинка и грип, како и досега, а четирите најчести се: висока температура, болки, замор и кашлица или болки во грлото.
Повеќето пациенти се чувствуваат подобро неколку недели откако ќе се заразат, но закрепнувањето може да потрае подолго. Аналитичарот кој ги анализира податоците за Ковид, Мајк Хани, истакнува дека има силно зголемување на бројот на пациенти со варијантата XEC во Данска и Германија.
Во исто време, се прават помалку рутински тестови од претходно, така што е потешко да се открие колку навистина е присутен Ковид. Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA) вели дека е нормално вирусите да мутираат и да се менуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа