Југо излета од земјен пат, тешко повреден возач
На 07.04.2025 во 09 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на земјен пат во атар на село Казандол, валандовско, патничко возило „југо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К.(57) од с.Казандол, излетало надвор од патот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Валандово.
08.04.2025 - 14:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа