Нов силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во Канада
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Канада.
Епицентарот на земјотресот бил на 233 километри југозападно од градот Порт Мекнил, на длабочина од 8,2 километри, соопшти USGS, пренесе Ројтерс.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
13.04.2023 - 19:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа