Нов рекорд на новозаразени во Македонија - три градови се жариште на вирусот Ковид 19

Денеска во Македонија е забележан нов рекорд на новозаразени со вирусот Ковид 19 од почетокот на новата 2022 година.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на Ковид-19 од Скопје – 852, Битола – 135, Прилеп – 70, Куманово и Кавадарци по 38, Охрид и Штип по 25, Струмица – 21, Ресен – 18, Тетово и Гевгелија по 14, Неготино – 13, Гостивар, Велес и Радовиш по 10, Валандово – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Крушево по 8, Кичево и Богданци по 7, Делчево и Крива Паланка по 6, Кочани – 5, Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе по 3 и по двајца заразени од Дебар, Кратово и Пехчево.

Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818.

Во моментов најголеми жаришта на вирусот во земјава се Скопје со 3.869 активни случаи, Битола со 544 и Прилеп со 404 активни случаи на вирусот.

Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 101168, Активни 3869

Куманово 13225, Активни 138

Тетово 11468, Активни 76

Прилеп 11014, Активни 404

Битола 9619, Активни 544

Гостивар 8108, Активни 34

Велес 7579, Активни 137

Кавадарци 7572, Активни 241

Охрид 6935, Активни 268

Штип 6821, Активни 105

Струмица 6381, Активни 162

Кичево 4361, Активни 77

Кочани 4138, Активни 52

Струга 3962, Активни 40

Гевгелија 3016, Активни 126

Неготино 2676, Активни 60

Свети Николе 2164, Активни 22

Крива Паланка 1984, Активни 39

Ресен 1934, Активни 113

Радовиш 1844, Активни 52

Берово 1484, Активни 8

Делчево 1487, Активни 37

Дебар 1461, Активни 3

Виница 1183, Активни 5

Пробиштип 1153, Активни 13

Валандово 1070, Активни 63

Кратово 791, Активни 3

Богданци 705, Активни 37

Демир Хисар 659, Активни 23

Крушево 618, Активни 18

Македонски Брод 552, Активни 32

Демир Капија 439, Активни 6

Македонска Каменица 430, Активни 6

Пехчево 361, Активни 2

Дојран 178, Активни 3

05.01.2022 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега