Паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки било опожарено во саботата вечерта на булеварот „12-та Македонска бригада“ во Скопје.
Случајот бил пријавен во полиција на 31 октомври во 21:24 часот. Според пријавеното, засега непознато лице употребило запалива течност и го предизвикало пожарот на возилото, кое е во сопственост на 62-годишна скопјанка.
Во инцидентот нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат со противпожарен апарат од сопругот на сопственичката.
Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои било опожарено возилото.

